Кога од една златара во Џорџија исчезнал 10 илјади долари вреден накит, сопствениците се посомневале дека кривецот мора да биде некој од „куќата“. На кучката по име Хани Бун златарата во градот Албани и е како втор дом. Ја познавале речиси сите купувачи. Едно попладне сопственикот Чак Робертс на својот стол оставил накит и отишол да послужи некој купувач кој влегол во златарата.


Кога се вратил во канцеларијата на подот била празната кутија, а од накитот немало ни трага. Единствениот можен кривец била токму кучката. Сопствениците на одвеле кај локалниот ветеринар. Рендгентската снимка многу јасно ги покажала обетките и останатите парчиња накит. Таа накитот го вратила по природен пат, а необичните навики за исхрана предизвикале големо внимание кај медиумите.