11-годишниот лабрадор Џек и побегнал на сопственичката во текот на прошетката во паркот во Сиетл. Кучето пронашло фрлена марихуана и ја изело. Откако се вратило кај сопственичката одвај се движело и се тетеравело, очите му сјаеле и било зашеметено.

Го однела кај ветеринар кој заклучил дека кучето изело поголема количина сушена марихуана. Му дал лек кој предизвикува повраќање за да ја исфрли дрогата. Тоа помогнало и кучето се опоравило.