Една медицинска сестра од Британија се нашла во неволја откако нејзиното куче го проголтало клучот од автомобилот пред да оди на работа. Пробала да го отргне клучот од неговата уста, но тоа си мислело дека играат и не сакало да го пушти.


Грабнала парче колбас пробувајќи да го намами да ја отвори устата. Но тоа го проголтало колбасот заедно со клучот. Се надевала дека природата ќе го стори своето, но наредниот ден немало ни трага од клучот. Го одвела кај ветеринар кој го оперирал.