Вејн Кинкел од Монтана, чиј 12-годишен ретривер Санденс изел пет банкноти од по 100 долари, се надева дека ќе добие надокнада од американските власти. Кинкел рекол дека кучето ги изело парите додека со сопругата бил на пат. Внимателно го погледнал изметот на кучето и целиот двор и пронајдените парчиња ги измил, залепил и ги испратил до надлежните органи со објаснување што се случило.
Му одговориле дека искусен проучувач на оштетени банкноти ќе одлучи дали е сочувано барем 51 процент од банкнотите и дека тогаш ќе добие надокнада. Овој процес може да трае и до две години.