Кучето Били од Јоркшир има 22 човечки години, што пресметано во кучешки години изнесува 154. Се претпоставува дека е најстарото куче на светот, бидејќи го преминало кучето кое моментално го држи рекордот во Гинисовата книга со 21 година и 94 дена.
Неговата сопственичка бети Холдсворт истакнала дека нејзиниот миленик сеуште е полн со живот иако ги нема повеќето заби и е потполно слеп на едното око. Сеуште два пати на ден оди на прошетка и се однесува како мало кученце.