Кристи и Џо Лорен забележале дека во куќата на Флорида им исчезнало плико со 1000 долари, па мислеле дека некој провалил додека не биле тука. По некое време сватиле дека мистериозниот крадец е всушност нивното куче. Кучето го грабнало пликото со парите кои ги имале заштедено.


-Јас и мојот сопруг имавме намера да одиме во банка и да отплатиме уште една рата за автомобилот кој го купивме, и тогаш забележав дека ги нема парите таму каде што ги оставив. Подоцна дел од нив ги видов искинати на подот, а останатите ги имаше изедено нашето куче-изјавила Кристи.

Искинатите парчиња ги составиле и успеале да спасат 850 долари. Парот вели дека не можат да веруваат дека кучето им ја изело заштедата.