На еден териер, кој е истрениран да ја зема поштата од поштенското сандаче, му се залепила вилицата кога ги зарил забите во леток од ресторан со достава на храна. Кучето ја зело утринската пошта од својата сопственичка Кимберли Фишер од Велика Британија.
Меѓутоа, испуштајќи ги писмата од уста, сјајниот материјал од летокот му се растопил во устата. Сопственичката морала да го однесе на ветеринар, кој му ја отстранил лепливата смеса.
-Мислам дека компанијата која произведува такви материјали треба да преземе одговорност – изјавила Кимберли.