Хаскито по име Зендер било толку тажно поради отсуството на својот сопственик, што успеало да го пронајде во болница оддалечена три километри од неговата куќа. Кога Џон Долан бил примен на лекување поради кожна болест, кучето побегнало и трчало низ улиците како би дошло до сопственикот. Според зборовите на неговата сопруга Присила, кучето лежело и завивало од утро до мрак. Кога сватило дека така нема да го врати сопственикот дома, одлучило да тргне во потрага. Животното минало неколку прометни улици за на крајот да стигне до болницата.
Додека Долан лежел во креветот, еден вработен во болницата рекол дека пред влезот се наоѓа бело хаски. Човекот веднаш знаел дека се работи за неговото куче, кое го спасил од улица пет години претходно. Долан истакнал дека болницата се наоѓала во делот на градот во кој Зендер никогаш претходно не бил.