Оскар е мелес кој од Јужна Африка пред пет години го спасила неговата денешна сопственичка, Џоан Лефсон, а сега заедно ја завршиле светската турнеја во Рио де Жанеиро. Неговото патување го однело низ 29 земји на пет континенти, а видел и многу знаменитости вклучувајќи ги Ајфеловата Кула и Таџ Махал. Го започнале патувањето со надеж дека ќе ги инспирираат луѓето да ги спасат кучињата кои живеат на улица.


Шeстмесечното патување чинело 250 илјади фунти. Џоан го платила со парите од продажбата на сопствената куќа, а со остатокот вдомила околу 15 илјади кучиња. Рекла дека идејата и била на сите да им покаже колку прекрасно куче е Оскар, и да им порача дека такво куче може да набави секој и да го спаси од потенцијална смрт.