39-годишен охриѓанец, вчера, во СВР Охрид пријавил дека неговата 14 годишна ќерка, била нападната од куче-домашен миленик, на улицата „Железничка“, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Девојчето било пренесено во охридската Општа болница, каде и биле констатирани повреди на левата потколеница.
По преземени мерки, СВР Охрид го идентификува сопственикот на кучето и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews