Златен ретривер е локална ѕвезда во Кина, благодарение на својата необична навика да го чува велосипедот од својот сопственик додека него го нема.

Ова куче грижливо го чува велосипедот и никој не смее да му се приближи. Локалното население го нарекува “куче што прегрнува велосипед“ и сите го познаваат.

 
“Кога и да го паркирам велосипедот, тој ќе го прегрне и внимава некој да не го украде. Навистина е многу паметно куче. Постојано разговарам со него, и мислам дека навистина добро ме разбира“, вели гордиот сопственик.
Освен тоа, кучето му помага да го изнесе ѓубрето и секоја вечер го носи по скалите“. Вели дека добива многу добри понуди за да го продаде, но досега сите ги одбил.