Познато е дека некои луѓе се алергични на кучиња, но малку кој досега знаел дека може да се случи и спротивното, куче да биде алергично на луѓе. Таков е случајот со Адам, двегодишен црн лабрадор, кој неодамна бил примен во засолниште за кучиња во Индианополис со сериозен проблем на губење на влакната и силни иритации на кожата. Иако добил најдобра медицинска нега и првокласна кучешка нега, бил темелно исчистен од болви и редовно се капел, Адам и понатаму ги имал истите проблеми. Впо азилот тогаш одлучиле да се обратат до ветеринар кој му ја дал крвта на анализа.

Крвната слика покажала дека Адам е алергичен на луѓе. Директорката на засолништето изјавила дека мислела како ветеринарот се шегува. Тој и објаснил дека станува збор за шега, туку за сериозен проблем и дека како што луѓето можат да бидат алергични на кучиња, се случува и спротивното. После поставената дијагноза, во засолништето очекуваат Адам наскоро да биде подобар. Кучето ќе добие вакцина која обично се дава на децата кои патат од разни алергии и која дава добри резултати.