Раул Кастро носи некои значајни промени во животот на својот народ. Една од нив е овозможување на пристап до електронски направи, па Кубанците одсега по прв пат легално можат да поседуваат компјутер, ДВД и видеоплеер или мобилен телефон, пренесува Cubacel.com.
Во средината на претходниот месец имаше известување за промена на претседателската политика во таа земја, која на обичните граѓани им овозможи купување на компјутери, ДВД, видеоплеер и мобилен телефон.
Оваа недела започна продажба на мобилни телефони па бројните Кубанци кои поминаа и по неколку часови да чекаат за да го набават својот прв мобилен телефон во животот.
Првиот ден на продажбата државните продавници просто биле затрупани со луѓето кои побрзале да го добијат својот примерок иако за најефтиниот модел е потребно да се издвои околу 70 долари, односно околу девет просечни Кубански месечни плати.
Куба ја забрани продажбата на многу електронски направи во деведесеттите години, кога поради распаѓањето на Советскиот Сојуз остана без милијарди долари субвенции и нафта, што за последица имаше енергетска криза и секојдневно повеќечасовно исклучување на струјата.