Откако цели 50 години Кубанците немаа право да патуваат во странство, денеска во оваа земја стапува на сила новиот миграциски закон, според кој лицата постари од 18 години ќе можат да патуваат надвор од островот.
Законот донесен од претседателот Раул Кастро, на еден начин ја најавува новата револуција во оваа „затворена“ земја. Во последните неколку години, Кубанците смеат да купуваат автомобили, мобилни телефони и недвижнини, што претставува голема реформа во политиката на кубанскиот претседател.
Лицата ќе можат да престојуваат надвор од островот до 24 месеци, но сепак врвните спортисти и експерти ќе мора да бараат специјална дозвола, откако кубанската влада одлучи да не им се случи „одлив на мозоци“ од земјата.
OhridNews