Роднините и пријателите на кубанката Хуана Баутиста де ла Канделарија Родригес го прославиле нејзиниот, како што тврдат, 126 роденден. Кубанската агенција Пренса Латина навела дека Хуана соред изводот од матичната книга на родените на свет дошла на 2 февруари 1885 година, во градот Сеиба Хуека во кој сеуште живеела.
Нејзиниот 125 роденден минатата година бил пратен со големо медиумско внимание, но нејзиниот рекорд за долговечност де бил признат од страна на гинисовата книга. Хуана, според зборовите на семејството, би требало да биде прогласена за најстара личност на светот, бидејќи е за десет години постара од сегашната рекордерка, американката Бес Купер која има 114 години.