Хозе Кастелар веќе четврти пат по повод затворањето на меѓународниот туристички саем на Куба влегол во Гинисовата книга на рекорди виткајќи пура долга 43,38 метри. Со оваа професија се занимава веќе 50 години и периодично ги руши сопствените рекорди во должината на пурите.


За изработка на оваа пура му биле потребни пет дена во кои работел 10 до 12 часа. Признал дека сепак не е страсен пушач и дека дневно консумира по една пура. Хаванските пури се со висок квалитет и секоја година се извезуваат во вредност од 400 милиони долари во 150 земји.