Куба започнала со извоз на „видатокс“, лек наменет за терапија против ракот направен на база на отровот на таканаречениот црвен шкорпион, кој може да се сретне само во источните области на таа земја. Лекот го произведува фармацевстката компанија и биолошка лабораторија од Хавана.
Произведен е од пет протеини издвоени од отровот на црвениот шкорпион, кој спаѓа меѓу ендемските видови на Куба. Лекот бил направен после 15 години истражување. Станува збор за препарат на база на протеински пептиди со мала молекуларна тежина. Видатокс бил тестиран на повеќе од 10 илјади пациенти, од кои 3500 биле странци, и покажал поволен резултат кој варирал од подобрување на квалитетот на живот кај пациентите до забавување на растот на туморот.