Куќа во Мичиген (САД), во облик на брод се продава за 750.000 долари, а нејзиното претставување на интернет привлече внимание поради необичниот изглед. Внатрешноста на куќата со пет спални соби, изградена 1930-тите, е дизајнирана да изгледа како да сте на вистински брод.
Друга одлика е директниот поглед кон езерото во близина, додека се престојува во дневната соба. Уникатната зграда изгледа како „брод што излегува од земјата“. Дизајнирана е во „морнарски стил“ и однадвор и однатре, во имиџот на 1950-тите и 60-тите.
Вилијам Баум, страстен морнар, ја изградил куќата во 1935 година со помош на семејството и пријателите, вели неговата внука, Барбара Баум Фрити.
Баум сакал да плови и поседувал неколку стари дрвени чамци. Ја искористил својата љубов кон морето и пловењето за да создаде свој, уникатен дом. Според објавата на агенцијата за недвижности, живеалиштето има една спална соба на главниот кат, две спални на горниот кат, и уште две соби на долниот кат.
Куќата изобилува со бродски мотиви – со други поморски украси и предмети расфрлани низ просторот, како што се спасувачки чамци, едра, кормило итн.
OhridNews