Во центарот на Охрид денеска беше живо. Црвениот крст организираше крводарителска акција а најмладите го одбележаа 22 март Денот на водата.

Под мотото „ДАРУВАЈ КРВ – БИДИ ХУМАН” Црвениот крст-Охрид денеска упешно реализираше уште една крводарителска акција која беше посветена на големиот хуманитарец Тоше Проески. До 13 ч. дваесетина охриѓани даруваа крв, соопштија организаторите.


охриѓани уште еднаш покажаа голема хуманост

Паралелно со крводарителската акција на плоштадот „Св Климент Охридски“ учениците од охридските училишта со пригодна свеченост го одбележаа Денот на водата 22 март.Околу 95% од водата на планетата Земја отпаѓа на океаните и морињата додека само 5 % ја има на континентите. Поради тоа потребно е тоа малку питка вода да се заштити соодветно, е пораката што по повод 22 март-Светскиот ден на водите ја упатија младите и стручната јавност…

 


Без вода нема живот

По повод светскиот ден на водите, на градскиот плоштад Црвениот  крст Охрид  го презентираше тимот за вода и санитација и дел од опремата-лабораторијата за пречистување на вода која тимот ја користеше во хуманитарната мисија во Индонезија во 2005 г.


одбележан денот на водата во Охрид

ohridnews