Под мотото “РАЗУБАВЕТЕ ГО ДЕНОТ, СЕБЕ СИ И НА ДРУГИТЕ – ДАЈТЕ КРВ”, Црвениот крст Охрид и трансфузиолошката служба при Општа болница Охрид, денеска во Скребатно организираат голема крводарителската акција.
Акцијата ќе се одвива во дворот на црквата Света Богородица во Скребатно каде денеска со голем народен собир се одбележува православниот празник Успение на Пресвета Богородица.
Црквата Св. Богородица во Скребатно
Организаторот на акцијата очекува голем одзив од граѓаните, а крводарителите ќе добијат скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест.
ohridnews