Акцијата ќе се одржи на големиот празник Св. Богородица, 28-ми август (четврток) од 08:00 часот, во прекрасната природа на с. Скребатно (кај црквата Св.Богородица). Организаторот на акцијата на сите крводарители најави дека ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест.
Во пресрет на крводарителската акција, Црвениот крст Охрид денеска ќе организира планинарска тура од Охрид, преку планината Петрино до с. Скребатно.