Црвен крст Охрид во соработка со Кабинетот за трансфузиологија при болницата “Св.Еразмо” и трансфузиолошката служба при Општа болница Охрид, под мотото „ИСКОРИСТИ ГИ ТВОИТЕ 5 МИНУТИ ДА СПАСИШ НЕЧИЈ ЖИВОТ-ДАРУВАЈ КРВ“, традиционално, по петти пат ја организира крводарителската акција „ПЛАОШНИК 2007“.

На денот на Св.Климент Охридски, 8-ми август, денеска  од 17:00 часот па до 14:00 часот наредниот ден (09 август-четврток), се повикуваат сите граѓани и гости да ја покажат својата хуманост и да  даруваат крв.

Организаторот на акцијата на сите крводарители ќе им возврати со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест, стои  во апелот на Црвениот крст.

ohridnews