Црвениот крст од Охрид во соработка со  Кабинетот за трансфузиологија при болницата “Свети Еразмо” и трансфузиолошката служба при Општата болница утре, традиционално по шести пат ќе ја организираат  крводарителската акција ” Плаошник 2008 ” под мотото “Искористи ги твоите пет минути да спасиш нечиј живот-Дарувај крв”.

Акцијата ќе започне во 17 часот и ќе трае до 14 часот наредниот ден. За хуманите граѓани кои ќе даруваат крв ќе бидат обезбедени скромни подароци, најавуваат  од општинската организација на Црвениот крст.

A.K.