Во рамките на одбележувањето на 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството, Црвен крст Охрид на 14.06.2007 г. (четврток), од 10:00 до 15:00 ч., на Градскиот плоШтад “Св.Климент Охридски” (пред Рибниот ресторан) Ќе организира крводарителска акција.

По тој повод Црвениот крст-Охрид ги  повикува сите хумани луЃе, крводарители со дарување на најдрагоцената течност да го одбележиме овој ден и воедно обезбедиме доволни количества крв за оние на кои им е потребна.