Под мотото „Секоја капка е важна“ Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година. Во оваа насока утре со почеток во 9 часот во просториите на СВР Охрид ќе се одржи крводарителска акција.

Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвен Крст Охрид.

Акцијата ќе трае до 12 часот.

OhridNews