Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2025 година.

Под мотото „Секоја капка е важна“ денес во периодот од 09:00 до 12:00 часот во просториите на СВР Охрид се одржува крводарителска акција.

Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвен крст Охрид.

OhridNews