Крводарителска акција под мотото „Секоја капка е важна“ денес се одржува во периодот од 09:00 до 12:00 часот во СВР Охрид.
Ги покануваме сите вработени да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, велат од Црвен крст Охрид.
Со оваа акција Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година.
OhridNews