Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“ утре ќе се одржи крводарителска акција во која ќе учествуваат учениците и вработените во СОСУ „Св. Кирил и Методиј” – Охрид во организација на Црвен крст Охрид.
Ве покануваме на крводарителска акција во просториите на Служба за трансфузиологија Охрид каде ќе можете да ја дарувате својата скапоцена течност и да станете нечиј херој, велат од Црвен крст Охрид.
Крводарителската акција ќе се одржи во периодот од 8 до 11 часот во Службата за трансфузиологија Охрид.
Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно!- порачуваат од Цrвен крст Охрид.
Инаку, во текот на вчерашниот ден во училиштето беше реализирана мотивациска работилница за крводарители преку која ученици од четврта година научија повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за да се биде крводарител, личните бенефиции и важноста на дарувањето.
OhridNews