Крводарителската акција под мотото „Донирај крв, Донирај живот!“ ќе се реализира утре од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство, Охрид.

Искористете го овој РАДОСЕН ДЕКЕМВРИ, месецот на дарување, да ја искажете својата хуманост, велат од Црвен крст Охрид.

Ги покануваме студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид како и сите хумани луѓе во Охрид и Дебрца да учествуваат на оваа крводарителска акција, додаваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews