Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2024 година. Во таа насока утре под мотото „Секоја капка е важна“ во периодот од 10 до 14 часот ќе се одржи крводарителска акција во просториите на НУЦК „Григор Прличев”.

Ги покануваме сите граѓани да ја искажат својата хуманост на оваа крводарителска акција, да ја донираат својта скапоцена течност и да спасат нечиј живот, порачуваат од Црвен крст Охрид.

OhridNews