Црвен крст Охрид организира крводарителска акција во четврток во просториите на СВР Охрид.
Од 10 до 14 часот Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид организира редовна крводарителска акција која ќе се одржи во просториите на СВР Охрид. Добредојдени се сите хумани граѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција, велат од Црвен крст.
Додаваат дека согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.
OhridNews