Поради зголемените потреби од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 11.09.2021 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ .

Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција, стои во соопштението од Црвен крст Охрид.

Акцијата ќе се реализира во периодот од 10-14 часот.

OhridNews