Луѓето со крвна група АБ, која е ретка и ја има само 4% од популацијата, имаат поголема шанса за развој на демениција во постарите години.
Американски научници предводени од Мери Кашман од медицинскиот факултет во Вермонт ги анализирале податоците на 30 000 американски граѓани постари од 45 години.
Се покажало дека поединци со крвна група АБ имаат поголема веројатност дека ќе развијат проблеми со помнењето од оние со крвна група 0, но само кога се елиминираат останатите фактори на ризик.
Затоа, велат експертите, луѓето со крвна група АБ не би требало да паничат, бидејќи други фактори имаат многу поголема улога за губење на помнењето, како пушењето, дебелината и високиот крвен притисок.
Од претходно е познато дека луѓето со крвна група АБ имаат поголем ризик за мозочен удар од оние со останатите крвни групи. Причината за тоа е фактот дека во крвната група има најмногу Фактор VIII, протеин кој помага во згрутчување на крвта.
Премалку фактор VIII ќе предизвика послабо згрутчување, а премногу од тој протеин полесно создавање на тромб.
извор:metro-portal.hr