Поради основано сомнение дека се сторители на  кривичните дела ,,Убиство во обид,, и ,,Недозволено држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, Полициската станица во Струга, до Основното јавно обвинителство во Струга, поднесе кривична пријава против лицата Ф.К. роден 1976 година и А.Ќ. роден 1972 година, двајцата од селото Велешта.

На ден 22.09.2009 година, околу 10 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар, од возило во движе- ње, Ф.К. испукал неколку куршуми  во правец на патничкото моторно возило управувано од А.Ќ. По кратко време, првопријавениот и неговиот брат, со патничко моторно возило марка ,,Мерцедес,, се упатиле кон центарот на селото каде деловен објект имал братот на второ пријавениот. Со цел да го заплаши А.Ќ., првопријавениот, во воздух испукал неколку куршуми кои не го повредиле второ- пријавениот. На тоа, А.Ќ. возвратил со автоматска пушка, со која испукал повеке куршуми кон возилото во кое сакале да бегат Ф.К. и неговиот брат.

При пукањето со автоматското оружје,, со неколку проектили биле повредени две малолени деца од селото Велешта, кои, одејки кон училиште поминувале тука. Истите се пренесени во Општата болница во Струга каде се констатирани тешки телесни повреди И се надвор од животна опасност. Едно од повредените деца, е пренесено во специјалната болница „Св.Еразмо“

На лице место извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Истражен судија и заменик јавен обвинител. Одземена е една автоматска пушка која е испратена на вештачење во МВР-РМ, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews