Утрово околу 07 часот, во селото Радолишта се случила вербална расправија помеѓу лицето А.И. роден 1961 година и неговиот син А.Л. роден 1983 година.

Во караницата, А.Л. со неколку истрели од пиштол  се обидел да го лиши од живот својот татко погодувајќи го со еден истрел во пределот на десното рамо. Од прострелната рана, погодениот А.И. се здобил со фрактура на клучната коска по што вед- наш е пренесен во Медицинскиот центар во Струга. По првично укажаната медицинска помош, повредениот е пренесен во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и се наоѓа надвор од животна опасност.

Кон својот татко, А.Л. стрелал со пиштол марка ,„ЦЗ Парабелум“ калибар 9 мм. кој го поседувал со  одобрение по што избегал од местото на настанот.

Од страна на полициско-судски органи, извршен е увид на лице место каде се пронајдени неколку чаури, проектили како и траги од крв. Пронајдените предмети ке бидат вештачени во МВР.

Од страна на службата се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето А.Л. по што против него ке биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело „Обид за убиство“, соопшти СВР Охрид.

Ohridnews