Пакет овошје, кој еден старец од Јужна Кореја и го испратил на ќерката на американскиот претседател Барак Обама предизвикал узбуна од прв степен за време на еден самит кој се одржувал во Сеул. Јужнокорејскиот главен град е на највисок степен на подготвеност поради самитот на лидерите на економски најразвиените земји. Вработените во поштата известиле дека примиле подарок адресиран на ќерката на Обама.


На рентгенската снимка во кутијата се забележувале петнаесеттина тркалезни предмети кои потсетувале на овошје. Обезбедувањето не верувало дека навистина станува збор за овошје па повикале специјална единица со дресирани кучиња. На крајот востановиле дека во пакетот се наоѓале азиски круши.