Охридскиот стратег Горан Андоновски беше дел од семинарот во Дојран заедно со легендите на македонскиот ракомет, кој го организираше Ракометна федерација на Македонија.


На семинарот, кој е прв од ваков вид во Македонија имаше предавање на тема спортска психологија, нутриционизам и практична настава.

– Со ваквите семинари ќе се крене достоинстовото на македонските тренери, а ќе можат да стекнат и лиценци по теркот на ЕХФ. Во иднина ќе продолжат овие семинари од кои македонските тренери ќе го дополнуваат своето знаење – рече Андоновски.


Стратегот на охридскиот ракометен состав нескромно сите добиени совети ќе им ги пренесе на „гладијаторите“ кои имаат високи цели сезонава.

– Како играч имам работено со многу големи тренерски имиња, а учеството на семинари секако дека е плус за мене. Секогаш на секој тренинг ги практикувам работите кои ми оставиле в печеток во мојата играчка кариера – додаде Андоновски.

Покрај првиот човек на стручниот штаб на Р.К. Охрид дел од семинарот беа Филип Јованоски (Моби Дик), Александра Џамтоска (Металург – Охрид) и ракометарот на Охрид, Атанас Поп-Стефанија.

Мх.П.