На церомонијата која се одржа во Општина Охрид, Сојузот на спортови ги круниса спортските лауреати за 2016 година во Охрид.
Наградата за спортист на годината ја освои Нина Балабан. Стрелачката која беше дел од Олимпијадата во Рио 2016 година по втор пат се закитува со градското престижно признание. На тронот Балабан прв пат се искачи 2013 година.
– Годината што измина беше најуспешна за мене. Учествував на Олимпијадата во Рио, ја добив градската повелба за патронот на градот, Св. Климент Охридски и на крајот освоив бронзен медал со два лични рекорди на првенството во Белград. – истакна Балабан.
Во името на градоначланикот Никола Бакрачески на спортистите им се обрати заменикот Ангел Јанев кој изрази благодарност до сите успешни спортисти и презентери на градот во Македонија и странство.
Наградата за животно дело му припадна на Миодраг Христовски, а најчитаниот портал во регионов Ohrid News беше прогласен за најуспешен спортски презентер. Во текот на церомонијата со минута молк присутните им оддадоа почит на Александар „Леко“ Радиќ и Влатко Димитров кои оставија силен белег во охридскиот спорт.
Наградените:
Спортист на годината: Нина Балабан (Стрелаштво)
Најперспективни спортисти: Давид Крстески (Теквондо/фудбал), Христијан Чолески (Џиу Џицу), Мартина Патчев (Кајак), Викторија Алексиеска (Ракомет), Јана Маркоска (Стрелаштво), Мартин Иваноски (Ракомет), Кристина Мојсоска (Фудбал), Јована Кецкарова (Тенис).
Посебно признание: ОФС Охрид за 40 години успешна работа
Животно дело: Миодраг Христовски
Спортски презентер: OhridNews
Најуспешни портисти на годината: Славчо Миречски и Мартина Мироска (Атлетика), Крсте Андоновски (Ракомет), Едмонд Хоџа (Фудбал)
Најдобар спортски клуб: РК Охрид и КК АВ Охрид
Најдобар тренер: Петар Чочороски
Фотогалерија:
Нина Балабан спортист на годината, OhridNews најуспешен спортски презентер во Охрид за 2016 година
Михаил Постоловски