На свечена церомонија во охридската Општина, крунисани беа најдобрите спортисти во Охрид за 2014 година.
Наградата најдобар спортист замина во рацете на велосипедистот Јован Јовански од клубот „Екодром“.
Со награда за животно дело се закити Димче Стојкоски-Лепи, а за посебни заслуги за презентација на пливачкиот спорт награда доби Олга Џипунова (Паунчева).
– Благодарност до сите спортисти, бидејќи без нив ќе нема победи на кои неизмерно се радуваме – кратко изјави Димче Стојкоски, добитник на наградата за животно дело.
Фудбалската школа Фер Плеј ја освои наградата за настан на годината, успешно организирајќи го „Фер Плеј Купот“ каде учествуваа 500 дечиња.
– Големо е задоволството кога имаме градоначалник кој ги разбира и помага спортистите преку цела година. Оваа манифестација е спој на младоста и искуството и на овој начин ги поттикнуваме младите и не ги забораваме спортистите кои оставиле силен белег во охридскиот спорт. – рече Коста Карадимче, претседател на Сојузот на спортови во Охрид.
Наградени :
Најуспешен спортист во Охрид за 2014 година : Јован Јованоски.
Најуспешни спортисти : Иван Тасески (ракомет), Елвис Бајрам (фудбал), Марија Ристевска (карате).
Најперспективен млад спортист – фудбал : Мартин Ѓорѓиески, Диел Доко, Стефан Џајкоски.
Посебни заслуги за поддршка на спортот : Кире Колески.
Настан на годината : Фер Плеј Куп 2014.
Посебни заслуги за презентација на пливачкиот спорт : Олга Џипунова (Паунчева).
Животно дело : Димче Стојкоски – Лепиот.
Најуспешен млад спортист : Анастазија Паскали.
Најуспешни млади спортисти : Владимир Вељаноски (кајак), Јана Гаџовска (едриличарство), Мартин Гоџоски (стрелаштво).
Спектакл на годината : 25-годишниот јубилеј на „Рибарите“.
Фото : Емилио
Мх.П.