Со одлуката на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Првата фудбалска лига од сезоната 2014/15 ќе се намали на десет клубови, а една сезона претходно место две во понизок ранг ќе одат четири екипи.

Во 20-ет годишното постоење на Македонија елитната лига пет пати го менувала бројот на екипите кои се натпреваруваат. Во далечната 1992 година Првата лига започнала со 18 клубови, од 1993 до 1995 во елитата учествувале 16, а една година подоцна со 15.

Од 1996 до 2001 година Првата лига броела 14 екипи, а од 2001 до 2014 година најсилната лига е со 12 екипи и се игра според бергеров систем за да се достигне минимумот натпревари за една лига да биде регуларна.

Новите реформи ќе донесат драстично намалување на екипите во Втората македонска фудбалска лига, но сето ова се прави да се подигне квалитетот на фудбалот во македонските лиги.

Мх.П.