Е така. Шо сакат нека бидит јас си ги измив нозеве. Чекав, чекав, од кризниот штаб да кажит шо со нозеве ама не можев појќе. Си зедов шлајферица ги истружив ноктиве. Море искри летање. Бате ми даде диќел едвај, ама го извајв то црното од по нокти, бам в кофа и директно в контејнер. Еден комшија калојната ја клал во цвеќата ама си реков поарно кравја лепешка да им клам од колку ова глинава шо ми се насобра.

Прашвев прашвев до Филипчета дали печуркиве од меѓу прсти шо растет се за јадење, да ги спржам или да ги сварам. Една недела никој не ми одговараше. После ме зедоја со комбе ме однесоа во фитопаталошки карантин и ми напрај ја тест. Негативен беше. Значи јестиви.

Првите два дена ме мрзеше да ги искорнам, третиот ги искорнав ги измив ги исецкав и таман в тавче….дојде еден со некој друг тест и опааа ….позитивни печуркиве. Стоп реков. Мој се и од мојве нозе ама не ми се ојт фира.

Ова беше во неделета. Сакав да се искапам ама морав да чекам до вчера да видам дали од ко ги средив нозеве од толку сапуни ко шо беа закржлаени да видам колку ќе ми паднет. Да знам дал ќе сум или не стабилен при капењето. И то по еден на секоја нога. Фурам на капење. Опс. Чек. Мирен. Требит да се викнит некој со моторна пила да ме средит на препони и под подмишка. Да ми извајт ова шимшириве зш многу фира ќе ојт гел за туширање. А мојт и одводон за цел град да ојт фира.

Ми изваја три врешчи влакна. Шо да им прам сега? Да ги запалам не ојт. Казната за палење на стрништа на отворено е 3000 еври за физичко лице. Ми текна. Ќе му ги дам врешчите на Буки Османи. Како? Ам как да не. На Трамп не му ги давам мајка Костадинка нека е. Се прајт фраер не ни дават респиратори. Мада незнам шо ќе ни се ко сите дома в кујна имаме аспиратори. Та респиратор та аспиратор. Да не се ценкаме туку да преживејме.

Мада баш за то те викнав. За да преживејме. Јас и ти имаме деликатна задача и мислам дека ќе си јас спасиме држава. Ем така де. Ко шо глеам ние сме тие. Јас и ти. Можда корона имат мал процент зафатено во државава ама глупочава одавна е раширена.

Види сега вака. Ова сфати го сериозно. Од нас се зависит. Не бре то е песна од Каролина. Сега ти се припеа со коронава? Вака. Сите ми се ко во бунило ко недоветни. Зато ние сега влечиме круцијален потег. Морат да поставиме саглам прашања до Филипчета и од то да се извлечит јасна и не тросмислена порака. Седви и пиши:

Слушнавме непотврдени гласини. Дали можит да ни потврдите дека тој шо шеташе скопјанецот Охрид му е зет за две сестри од прва брачеда на вујна од Стојмира или на вујко од Стојмира? Дали во вашите анкети имат прашање која од комшивкиве мој за време на кризава се депилират? Кога се очекува пикот на бракоразводни парници? Дали од 20 до 20 и 30 ко ќе го носам песов на мочање, смеам да ја врзам и жена ми како песот за да мојачам и неа? Дали кризниот републички штаб имат сознанија за комшово Видан, во однос на чистење на носот, копат кормушки или го секнит? И последното господиме министре: За пациентката Х сопруга на господинот Y, не сакам со име и презиме да прашвам за Ѓорејца, шо сејт на тезга на крајон втор ред, мајка му на Здраве од бутикон сред чаршија, нека си останит анонимна. Ме интересират за неа: се изјави дека тестот е негативен, а та немат добиено три месеци?

Е така. Нека ни одговорит министеров на овие препоептемкруцијални прашања, ние во теков на неделава ќе ги спремине мерките за спас и вторник во истиов термин ќе и презентираме. Е вакви прашања а не…

П.С. БИДИ ПОЗИТИВЕН – НА КОРОНА НЕГАТИВЕН
ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите