Екипите на Охрид и Металург силите во Супер лигата ги одмерија пред 2000 гледачи во „Билјанини Извори“. Бодовите им припаднаа на гостите победувајќи ги домаќините со 30-22.
Атрактивноста и популарноста на Металург и добрите резултати на Охрид на стартот од сезоната беа одлична причина сите вљубеници во ракометот и спортот воопшто да ја исполнат охридската арена.
Чекањето на влезот од „Билјанини Извори“ се исплатеше откако ракометарите на гледачите им возвратија со динамична игра каква што може да понуди само ракометот.
Охрид, и во минатото беше препознатлив по многубројната публика, а со посетеноста охриѓани покажаа дека го ценат и квалитетот во македонскиот ракомет.
Фото : Емилио
Мх.П.