Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30 март 2007 година (недела), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод третата недела од Велигденскиот пост „Крстопоклона недела“. Богослужбата започнува во 8.30 часот, а ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. По тој повод дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

ohridnews