Во Скопје не очекува тежок натпревар против екипата на Вардар. Со нив имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона кои ги анализираме. И покрај тоа што имаме неколку повредени играчи, мислам дека ќе го дадеме нашиот максимум и ќе се обидеме да оствариме победа на гостински терен. На овој натпревар ќе одлучуваат техничките грешки и одбраната, вели средниот бек на ГРК Охрид, Горан Крстевски.
Натпреварот ќе се одигра утре во салата „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.
OhridNews