Во предизборната кампања од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денеска најавија проекти за подобрување на условите за живот и образование на лицата со посебни потреби.

Проектот инфраструктурно приспособување на кабинетите за инклузивно училиште за учениците со посебни образовни потреби предвидува и обезбедување алатки за професорите како и обезбедување ефикасна инклузија за учениците со посебни образовни потреби, истакна кандидатот за советник во Општина Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ана Крстеска. 

Крстеска најави и изработка на софтверски решенија како помагала во наставата во соработка со стручните средни училишта и универзитетот „Св. Апостол Павле“

Сложеноста на активностите што се извршуваат во наставата бара поддршка во вид на софтверски решенија што се приспособени со специфичните потреби на наставата. Изградба, уредување и адаптирање на сместувачки капацитети и плажи за лица со посебни потреби со цел збогатување на туристичката понуда на Охрид за оваа целна група. Изградба на патека за слепи како предуслов за обезбедување самостојно живеење и непречено движење на слепите лица, како и бесплатен јавен превоз за лица со посебни потреби, најави Крстеска. 

 

 

 

K.A