Британската принцеза Шарлот, девет седмици старата ќерка на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, вчера беше крстена во црква на имотот на кралицата Елизабета Втора. Кралицата, нејзиниот сопруг Филип, принцот Чарлс и семејството на Кејт беа меѓу малата груша гости на счеченоста во црквата Света Марија Магдалена во Андрингам, во близина на источниот брег на Англија.
Црквата, во близина на викендицата Анмер Хол на Вилијам и Кејт е традиционално место за собирање на кралското семејство за Божиќната служба. Тоа исто така е местото во кое е крстена бабата на Шарлот, покојната принцеза Дајана во 1961 година. Шарлот инаку е четврта по ред за наследување на кралскиот престол. Ова е само нејзино второ појавување пред очите на јавноста откако беше родена на 2 мај.