За неполни 48 часа ГРК Охрид ќе одигра два натпревари во плејо-фот од Супер лигата, со Вардар во Скопје (четврток) и со Тиквеш дома (сабота). Токму средбата со Тиквеш е клучна за ГРК Охрид сезонава, бидејќи тоа ќе биде директен дуел за 4-то место на табелата кое ги отвара вратите на Европа.
Ќе одиграме максимално и со добра игра во одбрана и поддршка од нашите навивачи ќе атакуваме на трите бода, најави крилото на Охрид Крсте Андоновски во емисијата Спорт + на Охридњуз.
Крсте Андоновски во Спорт+: Пред ГРК Охрид е мечот на сезоната
Г.М.