ГРК Охрид во сабота, 19 октомври, на домашен терен ќе го одигра првиот натпревар од 2 коло од ЕХФ Европскиот куп против романскиот претставник Потаиса Турда.

Противникот добро го анализиравме и максимално подготвени го очекуваме почетокот на мечот во кој ќе дадеме се да ја израдуваме охридската публика истакна во емисијата Спорт + искусното крило на Охрид Крсте Андоновски.

Со него разговараме за атмосферата во екипата и го анализираме противникот на Охрид пред европскиот двомеч од ЕХФ купот.

Г.М.