Екипите на Охрид и Пелистер со „еден два“ пресметка во „Билјанини Извори“ ќе означат почеток на мечевите од пролетната полусезона во Супер лигата.


„Гладијаторите“ во досегашните три пресметки со битолските суперлигаши немаат победа, а дуелот со Пелистер ќе биде последна шанса за такво нешто во регуларниот дел од шампионатот.

– Утре пред своите гледачи играме дерби натпревар со лидерот на табелата во Супер лигата, Пелистер во кој ветувам дека ќе го дадеме максимумот. Со поддршка од публиката со малку среќа можеме да ја израдуваме нашата публика. Првата наша пресметка во Битола заврши без победник, а очекувам исто таков развој на настаните и во „Билјанини Извори“. Ова ќе биде наша четврта шанса за победа против битолските суперлигаши која ќе мораме да ја искористиме. – рече капитенот Крсте Андоновски.


Ракометниот клуб Охрид нема проблем со повредени играчи и против Пелистер на мегдан ќе излезе со сиот расположлив арсенал.

Мх.П.