Серијата без пораз од шест мечеви во Супер лигата, охридските ракометари ја продолжија и во Скопје на жешкиот терен од Пролет. Охриѓани ги освоија бодовите со триумф (29-25) изборен во вторите петнаесет минути во вториот дел до натпреварот.
– Тешка, значајна и витална победа беше оваа на гостувањето кај незгодниот тим на Пролет. Поразот на Еурофарм Работник во Скопје ни одѕвонуваше цело време во нашите глави и затоа одигравме сконцетрирано и трпеливе дури и кога не ни одеше. – потенцираше Крсте Андоновски.
Спортски, после поразот на „гладијаторите“ им честиташе Илија Темелковски кој долги години го предводи составот на Пролет.
– Сосема заслужена победа на Охрид иако ние 45 минути имавме игра и резултат. Спортски да се изразам ние сами се победивме со неколку грешки кога имавме играч повеќе или пак некоја ситуација за погодок. Евидентен беше падот на психолошки план во нашите редови кога Охрид резултатски се врати во игра, што на крајот знаеше и како да го искористи. – рече Темелковски.
Охрид, со шестиот триумф сезонава, инаку четврт на гостински терен репрезентативната пауза ќе ја дочека на врвот од табелата.
– Одново ракометарите покажаа квалитет и карактер и не дозволија да изгубат иако имаа негатива од четири погодоци на стартот од вториот дел. Само со ваков пристап и желба може да се пробиваат граници од меч во меч, а најдоброто од нас допрва доаѓа во Супер лигата. – истакна охридскиот стратег, Горан Андоновски.
После двенеделаната пауза ракометарите на Охрид играат три натпревари по ред на домашен терен и тоа против Радовиш, Работнички и Еурофарм Работник.
„Гладијаторите“ со пресврт го решија Пролет
OhridNews